Најавтентичната паеља се готви во Валенсија. Пилешко, паеља ориз, шафран, слатка пиперка, рузмарин, полжави или морски плодови се едни од најважните состојки. Постојат разни верзии на ова познато шпанско јадење, а ние ви нудиме една:
Потребни состојки:
1 голем кромид
2 домати
1 пилешко
600 грама свинско бут
450 грама лигњи
6 лажици пилешка супа
Шафран
1 килограм школки
1 црвена пиперка
500 грама грашок
600 грама ориз
По потреба, маслиново масло и сол, школки
Подготовка:
- Исецкајте ги на коски погодни да полесна консумација пилешкото и свинското месо
- Исчистете ги лигњите и исецкајте ги на мали парчиња
- Исецкајте ги пиперката, кромидот и доматите.
- Тавата за паеља намачкајте ја со маслиново масло, па потоа ставете ги кромидот и доматите. Кога кромидот ќе се зацрвени додадете го свинското, мешајте 15 минути, а потоа додаете го и пилешко и лигњите. Мешајте постојано.
- Додадете го оризот и мешајте три минути. Внимателно се става пилешката супа со шафран и се продолжува да се меша.
- На врвот по потреба можете да ставите школки и пиперката.
- Оставете сето тоа да се готви, а попотреба можете да додадете уште пилешка супа. Кога оризот ќе биде добро зготвен додадете го грашакот.
- Кога сето тоа добро ќе се зготви, тргнете го од оган и покријте го со алуминиумска фолија и крпа. Оставете да одстои на страна околу 10 минути пред да послужите.
- Исецкајте парчиња лимон и ставете ги убаво од страна како декорација, но и како надополнување на вкусот.