Потребни состојки:
– 1/3 шолја пченкарно брашно
– 2/3 шолја интегрално брашно
– ½ шолја смрзнати боровинки
– ½ шолја млеко
– 1 испасирана банана
– 1 јајце
– 1 кафена лажица цимет
– 1 кафена лажица пециво
– 1 супена лажица путер
Подготовка:
Во длабок сад измешајте ги брашното, смрзнатите боровинки, млекото, бананата, јајцето, циметот и прашокот за пециво. Во смесата додајте уште млеко ако мислите дека е многу густо. Растопете го путерот во една тава на средна температура. Ставете третина од смесата, и потрудете се да бидат во форма на круг. Повторете ја постапката уште два пати. Печете ги палачинките од двете страни.
Послужете ги со овошје и млеко.