ШоуБиз

Палата или аквариум:) Анри ќе заплива наскоро

Според британските медиуми, фудбалерот Тиери Анри (33) планира да направи аквариум кој ќе биде висок 12 метри.

Неговиот план  е да ја сруши куќата вредна шест милиони фунти во Лондон и на истото место да изгради поголема куќа во која ќе има сѐ што му е потребно на еден врвен спортист од калапот на Анри, што се ондесува до живот, забава и опуштање.

Вилата изградена во 1999 година која важи за еден од бисерите на модерната архитектура во Британија ќе биде демолирана и во неа помеѓу другото, ќе има и аквариум вреден 250.000 фунти кој ќе се протега вдолж целата вертикала на куќата.

Во него ќе живеат 300 риби, за кои годишната количина храна ќе чини приближно 2.500 фунти, а одржувањето на аквариумот 12.000 фунти.

Покрај овој луксуз, во куќата ќе има бар, кино и базен, како и голем светилник. Цената на куќата по реновирањето би била околу 10 милиони фунти. Со него во куќата ќе живее и неговата девојка, босанската манекенка Андреа Рајачиќ.

Напиши коментар