Дестинации

Палатата на Принцезата на срцата- Лејди Ди…

Историјата носи многу славни Принцови и Принцези… Постои една, која никогаш нема да биде заборавена. Жената која докажа дека моќта ја прави хуманоста, а убавината е во позитивните црти на лицето, Принцезата Дијана и после нејзината смрт е репер за совршена дама…

Кралската резиденција во Лондон, и некогашниот дом на Принцезата Дијана, Kensington Palace, отворена е за јавноста и од сега, сите фанови ќе можат да прошетаат по ходниците на славната палата.

После обновувањето вредно 12 милиони фунти, кралската резиденција во Лондон, повторно е отворена за јавноста. Токму во таа палата, принцезата Дијана живеела со синовите, Принцовите Вилијам и Хари, после разводот од Принцот Чарлс.0

Во делот од палатата, отворена за јавноста, изложени се некои од незаборавните фустани во кои своевремено Принцезата блескаше.

Еден од ходниците го красат тапети со ликот на Принцезата и нејзините синови, а во посебна просторија на ѕидовите се испишани цитати од англиски владетели и портрет од Принцезата, која никој ја нема заборавено.

Напиши коментар