Убавина

Палео диета – да се храниме како предците

Оваа диета стана многу популарна помеѓу припадничките на поубавиот пол. Таа е многу ефикасна, им овозможи на многу жени набрзина да ги симнат вишокот на килограми.

Оваа диета ја напишал Лорен Кордејн кој смета дека ние би требало да се храниме како нашите предци илјадници години наназад. Палео диетата не е во потполност едноставна, но сепак дозволува некои намирници кои се строго забранети во некои други диети. На пример овошје и зеленчук може да јадете во неограничени количини, што не е случај кај Аткинсова диета.

Заборавете на: житарици, грашок, и било што што содржи скроб, шеќер, млеко и млечни производи, салами, кобасици, соја, пченка, сол, чоколада, мајонез, квасец, оцет.

Може да јадете: месо, јајца, овошје, зеленчук што не содржи скроб, риба, кокосово млеко, а за пиење е дозволено само вода и незасладен чај. Бидејќи оваа диета не дозволува млеко и млечни производи би требало да земате калциум во таблети. За многу кратко време, доколку вистински се придржувате на диетата ќе изгубите многу килограми.

Напиши коментар