ШоуБиз

Памела Андерсон донира за Хаити!

Памела Андерсон го ставила на аукција својот џип „Ренџ Ровер“ стар скоро пет години, а целта е да се соберат што е можно повеќе пари за аукциската куќа на Шон Пен кој собира пари за обнова на островот Хаити, кој беше погоден од силен земјотрес.

Најголемата досегашна понуда е 30 илјади долари, а во следните три дена, колку што е предвидено да трае аукцијата, Памела се надева дека нејзиниот џип ќе достигне цена од 50 илјади долари.

–          Сè што требаше да направам е да погледнам во мојот двор во кој има паркирано два автомобили. Веднаш помислив дека можам да ја споделам мојата удобност со другите. Зашто на некој кој нема ниту еден автомобил, да му подарам еден од моите, – изјавила „чуварката на плажата“.

Напиши коментар