ШоуБиз

Памела пак се тужи со бившиот!

Памела Андерсон конечно се решила да поднесе тужба против поранешниот сопруг, милионерот Лоренс Халиер, од кој се разведе во 2010 година. Во тужбата, Андерсон наведува дека Халиер никогаш не ѝ ги исплатил ветените милион долари, кои требало да ги добие за промоција на неговите недвижнини во Лас Вегас.

Халиер, пак, од својата страна, поднел противтужба во вредност од 22,5 милиони долари и во неа тврди дека актерката не ги извршила промотерските задачи и со тоа ја оштетила неговата фирма за наведениот изноц кој го бара од неа. Недвижнините кои Памела ги рекламирала не биле продадени.

На крај, двајцата успеале да постигнат спогодба, но надвор од судските простории, а сумата на која се нагодиле сеуште не е позната.

Напиши коментар