Потребни состојки:
– 300 мл слатка павлака
– 25 гр шеќер
– 1 кесичка желатин во прав
– неколку капки екстракт од ванила
– путер за премачкување
За сосот од малини:
– 150 гр шеќер
– 150 гр малини (свежи или смрзнати)
Подготовка:
Направете го сосот варејќи ги состојките со 150 мл вода околу 5 минути на силен оган. Премачкајте 4 модлици со путер. Ставете слатка павлака и ванилин шеќер на тивок оган. Мешајте додека не се стопи шеќерот и додека не зоврие павлаката. Во стаклен сад измешајте го желатинот со малку ладна вода. Мешајте на пареа додека желатинот не се растопи и не стагне густ и леплив. Земете една лажица од кремот и додајте ја во смесата со желатин. Убаво измешајте. Потоа додајте ја преостанатата кремаста смеса во желатинот и убаво осединете ги двете смеси. Ставете ја смесата во калапите и прекријте ги со фолија. Така подготвени ставете ги во фрижидер да отстојат најмалку 3 часа. Кога смесата ќе се стегне убаво извадете ја од калапот и ставете ја на чинија. Одозгора прелијте со изладениот сос од малини.