Мода

Панделката – „ key word “ оваа Пролет

Идеалното оваа Пролет би било просечно, доколку на Вас не го имате симболот на женственоста- панделката…

Сите модни брендови го навестија доаѓањето на Пролетта, преку панделката, застапена на различен начин, со различна тема, а иста порака… Нејзината убавина, деновиве ќе биде тренд. Освен на облеката, панделката ќе биде must have аксесоар. Потрудете се да биде присутна на Вашите чанти, уживајте додека ја украсува Вашата коса, дозволете да владее на Вашите трендовски парчиња…

Како моден детал е прифатена, како тенденција, потребна. Мешањето на унисекс стиловите, прифаќањето на мажествените примеси во женската модна индустрија, бараа разграничување  кое токму панделката ќе го овозможи…

Во овој тренд ќе се пронајдат милиони девојки и жени !!!

Напиши коментар