Panna Cotta е брз, едноставен и толку фин. Овој освежувачки колач е одличен додаток на Саботното кафе со пријателките и е одлично изненадување после Неделното кафе. И додека останатите се фалат со носталгичните торти…Вие изненадете ги со овој шармантен десерт…
За Panna Cotta:
500 мл. слатка павлака
Арома на ванила
2 лажички шеќер во прав
1 вреќичка желатин во прав
4 лажици ладно млеко
За прелив :
200 гр. смрзнато шумско овошје
4 лажици шеќер во прав
1-2 лажици вода
Подготовка:
Желатинот помешајте го со 4 лажици ладно млеко и оставете 10 мин да отстои. Во меѓувреме загрејте ја слатката павлака во која сте додале арома на ванила и шеќер во прав. Пред да зоврие, тргнете го од шпоретот и помешајте го со желатинот. Сето тоа нека биде добро измешано, додека не се постигне густа смеса
Густата смеса, прелијте ја во калапи претходно натопени со вода. Се препорачува да бидат керамички. Откако ке ја истурите смесата во калапите, ставете ги во фрижидер и почекајте 3-4 часови, по можност и подолго.
За крај, извадете ги десертите од калапите, свртете ги на некоја од Вашите украсни мали чинии и украсете ги со овошје.
Уживајте во овој бескрајно одличен вкус !