Мојата кујна

Парфе нугатино

Потребни состојки:

За парфе:

  • стапче ванила
  • 500мл млеко
  • 100гр шеќер
  • 6 жолчки
  • 250мл слатка павлака

за нугатино:

  • 125гр излупени лешници
  • 275гр шеќер
  • масло

Начин на подготовка:

Стапчето ванила пресечете го по должина и варете го во млеко со 100гр шеќер. Кога ќе се свари, тргнете го од оган и оставете го мелкото да ја упие аромата. Жолчките изматете ги со 110гр шеќер. Извадете ја ванилата од млекото, повторно загрејте и што ќе почне да врие, неколку лажици додадете во жолчките. Во еден потег измешајте ги жилчките во млекото. Варете на тивок оган со постојано мешање додека не се згусне, но внимавајте да не зоврие. Тргнете го од шпорет и додадете слатка павлака.

За нугатино лешниците исушете ги во рерна на 180 степени, а потоа отстранете им ја лушпата. Од преостанатиот шеќер и малку вода, направете карамел, и ставете ги лешниците на подмачкана површина и прелијте ги со карамела. Кога ќе се олади и стврдне, дел издробете ги и измешајте во оладениот крем. Стевете го во калап и во фрижидер. Останатиот дел од нугатинот искоритете го за декорација.

Напиши коментар