Мојата кујна

Парфе од чоколадо и мандарина

Совршен десерт по романтичен ручек.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

50 грама чоколадо за готвење

400 милилитри слатка павлака

15 пишкоти

200 грама мандарини

3 лажици шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

2 жолчки

Сок од еден портокал

2 лажици ликер од портокал

Јагоди по желба или некое друго овошје

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Мандарините одвојте ги на кришки и исечкајте ги на помали парчиња.

На пареа изматете ги жолчките заедно со 2 лажички шеќер, ванилиниот шеќер и сокот од еден портокал, матете додека не добиете кремаста маса.

Откако ќе добиете кремаста маса додадете го ликерот од портокал. Вака добиената маса мешајте ја во некој поголем сад во кој сте ставиле ладна вода. Мешајте додека кремот не се олади (10 минути).

Изматете шлаг од слатката павлака со преостанатиот шеќер. Претходно исечканите мандарини и шлагот од слатката павлака додадете ги во кремот од жолчките.

Со алуминиумска фолија обложете го дното на кружен сад. Ставете малку крем и на ѕидовите на садот наредете ги пишкотите. Потоа ставете го целиот крем. Вака подготвениот колач ставете го фрижидер 3 часа.

По 3 часа извадете го садот, потопете го во врела вода, превртете го наопаку и извадете го колачот.

Стопете го чоколадото за готвење и со него направете глазура на колачот.

Декорирајте со јаготки или друго овошје.

Уживајте!!!

Напиши коментар