Десерт со кафе – одличен за љубителите на вкусот на кафето.
Потребни состојки:
– 2 лажици млеко
– 2 жолчки
– 2 лажици инстант кафе
– 375 мл слатка павлака
– 2/3 шолја шеќер
– еден прстофат сол
– 2 лажици пченкарно брашно
– 1 лажица вода
Подготовка:
Во еден сад со средна големина измешајте го брашното, шеќерот и солта. Потоа додајте го млекото. Изматете ги жолчките во посебен сад со миксер и додајте ги во претходната смеса.
Кафето растопете го со водата и додајте го во смесата.
Смесата ставете ја во сад за варење и варете на средна температура 5 минути или додека не се згусне. Тргнете го садот од оган и оставете го 10 минути да се излади, а потоа ставете го во фрижидер 30 минути.
Во меѓувреме изматете ја слатката павлака и распоредете ја во 6 чаши. Ставете неколку реда од смесата со кафе и изматената хопла. На крајот може да украсите со шлаг и рендана чоколада.