Мојата кујна

Парфе со смокви и бадем

Потребни состојки:

  • 300гр бадем
  • 500гр суви смокви
  • 400гр бело чололадо
  • 500гр шлаг
  • 10 јајца
  • 400гр шеќер
  • 2дл. прошек
  • 600гр смрзнати јагоди
  • 0,5дл рум
  • 300гр црно чоколадо
  • 200гр путер
  • 35 гр Желатин
  • 200гр брашно

Начин на подготовка:

Пенесто се матат белките и жолчките. Секоја се мати одвоено.  Се додава брашно и  мелени бадеми…Сето тоа се меша , се лие во плех и се пече на180ц. Се пече 15 мин.

Одвоено се варат бадемите и сувите смокви , се мелат , се додава шлаг и шеќер, се топи желатинот во малку прошек и малку рум. Се замешува и се полни калапот наизменично со двете смеси и бисквити.

Се оладува и се обложува со фил од шлаг и бело чоколадо(растопено, чоколадо мешано со шлаг).Потоа се прелива со глазура од црно чоколадо и путер. Јагодите се варат прошек, со рум и шеќер, се пасираат и се цедат…

Напиши коментар