← НАЗАД НА БОЗА

Pаris Hilton повторно на филм :)

Pаris Hilton повторно на филм :)
646 Читања

Старлетата Paris Hilton ќе се појави во новото остварување на режисерката Sofia Copola. Hilton ќе се глуми самата себе во филмот со наслов „Bling Ring“, а главната улога во остварувањето ќе ѝ припадне на актерката Emma Watson.

„Bling Ring“ е вистинита приказна за група тинејџери кои за временски период од неколку месеци ограбиле повеќе куќи на славни личности во Холивуд меѓу кои се нашле и домовите на Hilton, Rachel Bilson, Orlando Bloom Lindsаy Lohan и други.

Засега не е познато дали во филмот ќе се појават и другите жртви на младите крадци. Hilton, која има играно во филмот „Музеј на восочни фигури“ планира во иднина да сними и втор музички албум.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk