Автентичен француски колач – премногу вкусно …прстите да ги излижеш!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
4 јајца
150 грама брашно
10 грама путер
1 мала лажичка шеќер
Шеќер во прав
Малку сол
За фил:
1 јајце
1 жолчка
2 децилитри млеко
100 грама шеќер
100 грама путер
30 грама скробно брашно
80 грама мелени бадеми
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тесто:
Загрејте 2 децилитра вода, додадете те ги шеќерот, путерот и прстофат сол. Варете до вриење со постојано мешање. Кога ќе почне да врие смесата тргнете ја од оган и додадете го брашното со постојано мешање.
Вратете ја смесата на оган и варете со постојано мешање додека сместа не почне да се одвојува од садот. Тргнете ја смесата од оган и додадете ги јајцата едно по едно со постојано мешање се додека смесата не се соедини.
Смесата ставете ја во шприц за готвење со поширок отвор и истиснете смеса по Ваша желба на претходно намастен и побрашнет плех.
Плехот ставете го во рерна загреана на 200 степени Целзиусови и печете 15 минути.
Печеното тесто оставете го да се олади.
Фил:
Пенесто изматете ги јајцата, шеќерот и жолчките. Непрестано матејќи додадете го скробното брашно и постепено додадете го млекото.
Потоа садот со смесата ставете ја на оган и варете со постојано мешање додека не се формира густ крем. Тргнете го кремот од оган и јако измешајте ги 60 те грама путер, потоа и мелените бадеми.
Оладените пандишпани за еклер , исечете ги на половина по должина и наполнете ги со фил, посејте ги со шеќер во прав или течно чоколадо и …Се што Ви преостанува е да…
Уживате!!!
