Sweet Home

Паркет или ламинат???…Што да изберете ?

Време е да се вселите во нов стан или да го реновирате стариот…Дилемата околу подното обложување, е неизбежна. Со следниот текст, ќе се потрудиме да Ве посоветуваме доколку се мислите помеѓу паркет ( стариот, добро познат начин на подно обложување ) и ламинат ( модерно, ново, евтино решение ). Ова најчесто претставува дилема кај новите, млади парови. Потенцираме…млади парови, бидејќи повеќето од старите не веруваат во „ модерните технологии“, односно кај нив тие дилеми не постојат.

Кога го средувате Вашиот стан, најчесто почнувате од подот. Мора да биде траен, цврст, издржлив и да одговара на мебелот, да биде со пониска цена, да биде лесен за вградување и да биде квалитетен. Што е паркет, а што ламинат? Односно што е разликата помеѓу нив? Паркетот се произведува од масивни греди на кои со специјализирани автоматски линии се градат елементи на врска.

Ламинатот е композитен материјал, мешавина од дрвени влакна и лепак ( често,  формалдехиден лепак, како оној за медијапан плоча и иверица), чиј слој е покриен со печатена целулозна хартија со изглед на вистинско дрво. Со оглед дека со ламинатот повеќето се помалку запознаени, ќе почнеме од него:

Лесно се вградува, има помала цена од паркетот, производителите тврдат дека е повеќе отпорен на гребнатини и физички оштетувања, поради заштитниот слој, има повеќе дезени, не само класични мотиви на дрво, туку и егзотични шари. Меѓутоа има и маани: иако во основа има природни влакна, содржината на лепак и адитиви, го прават вештачки. Не е можно да се обнови, значително се подига на местото каде што се задржува вода. Остануваат флеки и од други течности, кога одите на потпетици, чекорите одѕвонуваат. Ладен е доколку одите боси…

Предностите пак кај паркетите се:

Се изработува од природно дрво, значи природни материјали.Долготраен е, доказ е тоа што некаде ќе сретнете и паркети стари 50 години. Може да се обнови и прелакира, удобен е доколку одите боси, може и да се префарба доколку правите промени во дизајнот. Меѓутоа и тој има негативности: многу е поскап од ламинатот, вградувањето трае неколку дена, можат да останат дупки од потпетици, ги менува димензиите ако дојде до влага…

Се надеваме дека Ви помогнавме…Финалниот збор го имате Вие !

Напиши коментар