ШоуБиз

Пасијата на Mila Jovovich :)

Актерката Mila Jovovich позирала во долна облека за мартовскиот број на австралијанското списание „Maxim“.

Mila за списанието за кое се сликала во црна, чипкаста долна облека и халтери, открила дека како дете многу сакала да биде нинџа, но и да има некои необично хоби.

–          Собирам куќички за кукли и досега имам девет. Тоа го правам бидејќи обожавам да создавам светови и во состојба сум со саати да седам и да местам тапети по ѕидовите на куќичките, како и да поврзувам струја во нив, – изјавила актерката.

Освен на насловната на „Maxim“, публиката наскоро ќе може да ја види Mila во продолжението на филмот „Resident Evil“.

Напиши коментар