ШоуБиз

Патиките на Kanye West продадени за 90.300 долари!

Официјалниот датум кога ќе излезат во продажба новитe патики на Nike – „Nike Air Yeezy II“ е 9-ти Јуни, а цената на еден пар вакви патики ќе изнесува 245 долари.

Инаку, ова се патиките кои ги има дизајнирано Kanye West и поради тој факт неговите фанови, а и другите љубители на Nike патики се натпреварувале кој ќе го купи првиот примерок кој ќе излезе на eBay, пред обувките са се најдат во регуларна продажба.

Еден пар од скапоцените патики се продал за неверојатни 90.300 долари, откако за нив било лицитирано 84 пати. Моментално, другите примероци кои можат да се купат преку еBay постигнуваат цена од 500 до 7.000 долари.

Напиши коментар