Ако им веруваме на странските медиуми тогаш за верување е информацијата дека Роберт Патинсон и го простил неверството на Кристен Стјуарт.
Според медиумите тие веќе се смирени, но во јавнсота не се појавуваат заедно затоа што се плашат од реакцијата на јавноста.
Љубовта изгледа е преголема и доволно моќна да направи да се простат сите неверства и понижувања кои беа направени.
Да потсетиме, парот беше во неколкугодишна врска која беше прекината заради неверството на Кристен Стјуарт со режисерот Руперт Сандерс, а за неверството Роберт дозна преку медиумите.
