ШоуБиз

Pattinson нема да се соблече за на филм :)

Robert Pattinson изјавил дека поради искуството што го здобил во филмот „Cosmopolis“ на режисерот Cronenberg, сега има повеќе храброст, но тоа не значи дека прифатил да се соблече до гола кожа во остварувањето.

Младиот актер објаснува како дошол до жестока кавга со славниот режисер:

–          Пет минути пред да почнеме со снимање, ми рече: „Сакам да го видам долниот дел од твоите тестиси на врвот на екранот“. Во тој момент се потсетив самиот себе си дека за него би направил буквално сѐ, но тоа не можев да го направам. Мојата реакција ја прими прилично добро.

Филмот е драма направена според романот на Dona DeLillea, а фокусот на дејството е врз еден милијардер кој за еден ден губи сѐ, вклучувајќи го и својот разум.

Филмот беше премиерно прикажан оваа недела на Канскиот фестивал.

Напиши коментар