Младата пејачка и актерка Demi Lovato за малку не го изгубила повратениот углед откако јавноста дозна за нејзината борба против разните пороци и пореметувања во исхраната.
Имено, пејачката за малку ќе го прегазела прочуениот Paul McCartney. Demi се обидувала да се паркира на еден паркинг во Лос Анџелес, кога пред автомобилот се појавил музичарот и за малку ќе добиел сериозни повреди. Demi воопшто не размислила за потенцијалните последици од своето дело, туку била воодушевена што конечно сретнала еден од своите животни идоли.
– Се паркирав на едно место каде стоеа неколку мажи и за малку ќе ги згазев кога еден од нив се заврте и тоа беше тој – Paul McCartney! Беше толку сладок! Не можам да си поверував дека денес го запознав. За малку ќе го прегазев познатиот Битлс, – пејачката весело ја прераскажала случката.
