Здраво тело

Пчелите ги произведуваат најдобрите лекови

Апитерапија – најкратко може да се дефинира како употреба на пчеличните производи во служба на здравјето. Познато е дека медот, прополисот, матичниот млеч и пчеличен восок се користат како превенција но, и за лечење на секакви болести. Тие се препорачуваат и за брзо опоравување по некоја болест.

Медот е помошно средство при кашлица, настинка и воспаление на грлото.

Со консумирање на медот се подобруваат телесните и менталните функции. Се препорачува за регулирање на метаболизмот. Тој може навистина многу да им помогне на оние кои имаат проблеми со чир на желудникот и дванаесетпалачното црево.

Медот е добар и за брзо зараснување на раните. Тој е одличен антибиотик кој најпрво ги уништува бактериите а потоа придонесува за брзо заздравување на раните и изгорениците.

Прополисот е број еден

Најдобар производ на пчелите кој смирува е прополисот. Научно е потврдено дека тој има 36 тераписки особини. Освен како антивирусно, антибактериско и против воспалително средство може да се користи и како анестетик и аналгетик, па затоа често се користи во терапиите против болка.

Препаратите на база на прополис се одлични за лечење на чир на желудникот, плускавци, жуљеви, брадавици… Прополисот е одличен за зајакнување на имунитетот.

Напиши коментар