Здраво тело

Пчелите го имаат рецептот за долговечноста !!!

Ако сакате да се осигурете  за долг живот, треба да пчелите да бидат примерот по кој треба да се движите…

Научниците од повеќе области на Универзитетот Аризона открија дека старите пчели можат успешно да го подмладат мозокот и забават процесот на старееење доколку ги превземат обврските на младите пчели.

Сега сме сигурни дека кога пчелите остануваат во своето гнездо и се грижат за ларвите, остануваат ментално активни, се додека ја обавуваат таа функција на дадилки. Но по одредено време, пчелите повторно одат во потрага по храна и почнуваат забрзано да стареат. Овој процес на стареење е сличен со човечкиот… По 2 недели потрага по храна нивните крила се видливо оштетени, се губат влакната на телото и способноста да учат нови работи“ – истакнува Gro Amdam директор на истражувањето.

Но штом на пчелите им била врате функцијата на дадилки нивните мозоци и тело почнувале да се регенерираат. Пчелите чудесно напредувале и се подмладувале. Виновен за ваквата трансформација е протеинот Prx6 кој е дел и од човековиот организам, а основата функција е заштита од деменција.

Можеби друштвените активности можат да помогнат нашите мозоци да останат вечно млади…Ние по природа сме друштвени суштества со одредени општествени потреби кои доколку се практикуваат можат да обезбедат долговечност.

Е заклучокот на оваа интересна студија.

Напиши коментар