Американската пејачка Sheryl Crow има бенигнен тумор на мозокот, но таа не се грижи многу за тоа и се надева на најдоброто можно сценарио.
На Sheryl ова ѝ е втора битка со болеста, бидејќи пред само две години успешно го победила ракот на дојката.
– Бев многу загрижена поради губењето на меморијата – на еден настап го заборавив текстот од своите песни, па отидов на магнетна резонанца каде ми открија тумор на мозокот, – изјавила пејачката за едно американско списание.
– За среќа, туморот е бенигнен, така што не се грижам премногу. Кај обликот на тумор што јас го имам не се советува операција, – додава таа.
Засега, Crow започнала со терапија и вели дека се чувствува одлично.
