Motherhood

Пепелашка напорно работи, Црвенкапа е страшна, а Златокосата несоодветна…?

Традиционалните бајки се застрашувачки за современите деца…

„ Ивица и Марица“, „Црвенкапа“, „Снежана и седумте џуџиња“, „ Пепелашка“….тоа се бајките со кои пораснаа генерации деца. Меѓутоа, денешните родители избегнуваат да ги читаат сметајќи дека се премногу страшни и со„ непримерни“ описи.

Со истражување е утврдено дека еден од пет родители смета дека модерните книги се подобри за неговото дете, за разлика од класичните цртани филмови. Половина од испитаниците изјавиле дека никогаш на своето дете не би ги читале „ Ивица и Марица“ и „ Црвенкапа“, бидејќи децата ќе се расплачат од страшните сцени помеѓу волкот кој ќе ја изеде бабата, како и сцената кога родителите ќе ги изгубат своите деца во шумата. Истражувањата покажуваат и дека 52% од родителите сметаат дека „ Пепелашка“ не упатува добра порака бидејќи на децата им прикажува млада жена која цел ден работи домашни обврски. Во несоодветни спаѓаат и „ Златокосата“ бидејќи, наводно, наведува на кражба. Доста голем дел од родителите сметаат и дека терминот „ џуџе“ од „ Снежана и седумте џуџиња“, не е друштвено прифатлив.

Сето тоа резултира со следново: „ Возрасните се во состојба да ја разберат невиноста на бајките, но дете од 5 години би можело истата да ја протолкува на сосем друг начин“, изјавув авторот на студиите, Стив Хорнси.

Напиши коментар