Убавина

Пет домашни лекови против брчки

На најефтин, а воедно и најефикасен начин спречете ја појавата на брчки.

Сок од лимон

Намачкајте го лицето со сок од лимон и почувствувајте како кожата омекнува. Киселините во сокот го отстрануваат мртвиот слој на клетки од кожата. Исто така лимонот ќе ви помогне и доколку имате акни, ќе ги исуши при тоа без да остави трага.

Кокосово масло

Најдобро е да го користите навечер пред да си легнете. Намачкајте ги критичните делови. За да има поголем ефект измешајте го кокосовото масло со неколку капки масло со витамин Е.

Белка

Белката содржи витамини од Б комплексот, кои помагаат да се затегне кожата и да се намали појавата на брчки. Ако сакате да постигнете моментален ефект најдобро е да ја нанесете оваа маска пред излегување.

Ананас

Ова тропско овошје содржи ензими кои и даваат влажност на кожата и ги убива мртвите ќелии. Измасирајте го лицето со парче ананас и оставете сокот нека се впие во кожата.

Сок од зелена јаболка

Овој сок е преполн со витамини кои прават нежен пилинг на кожата. Направете маска која е совршена за ублажување на брките. Изрендајте две зелени јаболки. Измешајте го сокот со две лажици мед и една лажица јогурт, намачкајте се и оставете да делува 20 минути.

Напиши коментар