Убавина

Пет грешки кои ја уништуваат косата

Дознајте ги петте грешки кои ги правите со косата, а не сте дури ни свесни:

1. Премногу долго време поминува од едно до друго скратување

Ако ја пуштите косата премногу да порасне помеѓу две скратувања, фризерот нема да може да го следи изгледот на претходната фризура. Така, ако ви се допаѓа моменталниот изглед на косата, не дозволувајте да поминат повеќе од 6 недели до следната посета на фризерот.

2. Косата ја миете секој ден

Секој сака да изгледа свежо, но секојдневното миење на косата само ја уништува природната маснотија која ја лачи кожата на главата и која е одговорна за зголемување на еластичноста и отпорноста на косата на промените на влагата на воздухот. Секојдневното миење ќе ја исуши вашата коса и затоа подобро е да ја миете секој втор ден.

3. Косата ја сушите на најтопло

Воздухот од фенот ја смирува косата и ја прави глатка, но не ако е подесен на најјако. Користете средна или слаба јачина и покрај тоа што ви се чини дека тоа ви одзема повеќе време за сушење, со тоа ќе ја зајакнете.

4. Косата ја чешлате додека е мокра

Фризурата не можете да ја обликувате сè додека косата не е сува околу 80%. Чешлањето пред тоа е само губење време и оштетување на влакната на косата.

5.Ја фарбате целата коса, наместо само израстокот

Нема потреба при секое бојосување, боја да нанесувате низ целата должина на косата. Доволно е само да го бојосате израстокот.

Напиши коментар