← НАЗАД НА БОЗА

Пет митови за женското тело

Пет митови за женското тело
1293 Читања

Мит: Доктор може да каже дали жената е девица!

Ниту еден доктор не може прецизно да одреди дали некоја жена е девица или не. Некои луѓе мислат дека хименот ја затвора вагината дури не се изгуби невиноста, но вистината е дека во хименот има дупка преку која тече менструалната крв. Некои химени се толку еластични што воопшто не може да се отстранат преку секс.

Мит: Антибиотиците ги прават апчињата за контрацепција бескорисни!

Многу се ретки случаевите кога антибиотиците негативно влијаат на апчињата на контрацепција и го елиминираат нивното дејство.

Мит: Мажите и жените имаат еднаква потреба за спиење!

Ненаспиеноста ги прави жените нервозни и под стрес, но им го зголемува нивото на инсулин и инфекциите. Студиите покажаа дека жените кои спијат помалку од пет часа дневно имаат поголеми шанси да заболат од висок крвен притисок. Кај мажите оваа појава не е регистрирана.

Мит:Менопаузата го намалува либидото!

Иако менупаузата предизвикува ред непријатности, како налети на жештина, не постои директна врска помеѓу менопаузата и сексуалната желба.

Мит: Жената не може да затрудни за време на менструација!

Иако веројатноста е малку мала, кога станува збор за бременоста, ништо не е невозможно. Овулација може да се случи веднаш по менструација или дури и за време на менструација и да дојде до оболување.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk