Топлите летни денови се чинат како идеални за свадба. За секоја невеста е сон да има свадба на отворено, а уште подобро кога тоа би било некоја плажа…
Денес ќе ви претставиме неколку модерни фризури кои селебрити дамите ги носеа на црвениот тепих, а се одлична варијанта за вашата свадба. Одберете ги нежните брановидни прамени кои може прекрасно да прилегаат на шноли со кристали, или пак високо собрани пунџи со истакнати шишки. Доколку сте љубител на гламурозниот изглед одлично ќе ви прилегаат натапираните пунџи или пак коњското опавче. И оваа сезона се носат плетенки, па може да ги искористите како урбан детал на фризурата.





