Здраво тело

Пет намирници со докажан антикарценоген ефект

Здравјето влегува низ устата, тоа е добро позната поговорка. Всушност, исхраната има огромно влијание врз нашето здравје. Додека некоја храна е штетна, други видови на храна му помагаат на нашето здравје и на нашиот имунитет. Ви претставуваме пет намирници кои се одлични за превенција на малигните заболувања:

Лук – содржи компоненти кои го зголемуваат имунитетот, па му помагаат на телото на природен начин да се бори против ракот. Лукот исто така има потенцијал да го спречи ширењето на туморот. Истражувањата покажаа дека лукот е одлично средство за   спречување на ракот на желудникот.

Цитрусни овошја – го намалуваат ризикот од рак на устата, грлото и стомакот. За превенција на рак, јадете портокали, мандарини, грејпфрут и лимон.

Боровинки – боровинка е храна која има највисоко ниво на антиоксиданси. Антиоксидансите помагаат за неутрализирање на слободните радикали кои ја оштетуваат клеточна структура и доведуваат до разни болести, меѓу кои и малигдните заболувања.

Артичоки – одличен зеленчук за спречување на рак на кожата. До неодамна,  овој зеленчук беше многу тешко да се најде на нашите пазари, но сега го има во изобилие, па затоа искористете го.

Лосос – истражувањата покажаа дека оние кои јадат лосос еднаш неделно имаат за 30% помала веројатност да развијат меланом и леукемија. Тоа се должи на фактот дека лососот е богат со омега 3 масни киселини.

Напиши коментар