Ова се неколку фрази кои брачните партнери би требало да си ги кажуваат за да успее бракот.
Во ова сме заедно
Бракот е полн со осуди. Не дозволувајте осудите да ја надвладеат љубовта. Сепак бракот е заедница во која брачните партнери заеднички треба да ги поднесуваат успесите и поразите.
Ова го правиш подобро од мене
Наместо критики и незадоволство, може да си кажете и по некој комплимент. Тоа ќе ја подобри енергијата помеѓу вас.
Лут сум
Луѓето често си кажуваат еден на друг дека не се лути само за да ја избегнат кавгата, а всушност се бесни и тоа ќе го кажат на многу поболен начин. Ако сте лути следниот пат кажете го тоа јасно и гласно, можеби партнерот ќе ви помогне да ја надминете лутината.
Те молам кажи ми што се случува
Ова е најдобриот начин да допрете до партнерот и да го “натерате “ да ви каже што ве мачи. Тоа ќе му даде до знаење на партнерот дека сте присутни и дека вас навистина ве интересира како му е на него.
Се што имате да си кажете, кажете си во лице
Во ова модерно време многу важни настани, информации и чувства се кажуваат преку порака, на телефон, но никако во лице. Читањето на “Жал ми е што си тажна” на екранчето од мобилниот го нема истиот ефект како кога би кажале и би ја прегрнале.
