Треба да помислиме малку повеќе за здравиот изглед на својата коса. Има некои секојдневни процедури кои трајно ја оштетуваат косата. Со овие навидум безопасни навики силно ја оштетуваме косата и со тек на време таа станува сува, кршлива и без сјај.
На прво место е миењето со многу топла вода. Се почесто во зима ни се случува да претераме со многу топлата вода. Тоа ја суши косата и го одзема здравиот сјај.
На второ место – сушењето на косата со многу силен фен и топол воздух и од многу мало растојание. Сушете ја косата побавно, на послаба јачина и од поголемо растојание.
На трето место е пеглата за коса. Таа е меѓу оние навики кои најсилно ја оштетуваат косата. Употребувајте пегла на која може да се регулира степенот на темепература која ќе ја развие и да биде изработена од квалитетен материјал. Пред употреба задолжително нанесете препарат за термичка заштита на кожата.
На четврто место – премногу стегната фризура. Ако често ја врзувате косата не употребувајте стегачи кои ја заплеткуваат косата. Најштетни се гумените ластици кои при вадење ја скубат и кинат косата. Косата не треба да се чува долго време врзана и стегната бидејќи ова предизвикува опаѓање.
На пето место е претераната употреба на стилизанти. Тие ја сушат косата и скалпот и често предизвикуваат првут. Избирајте само квалитетна козметика за вашата коса и тоа само соодветна за вашиот тип.