Убавина

Пет трикови за бели заби

За Вашите заби да бидат природно бели и негувани, Ви претставуваме 5 совети со кои можете да ја разубавите Вашата насмевка.

1. Јадете крцкави намирници

Разните овошје и зеленчук, како на пример јаболкото, морковот, целерот и крушата, на природен пат можат да ги исчистат и избелат забите, бидејќи користат киселина. Колку што е храната покрцкава, повеќе ги чисти забите. Имајте на ум дека споменатите намирници може да ги јадете свежи.

2.Зголемете го внесот на млечни производи

Резултати од неодамнешни истражувања покажуваат дека сирењето, млекото и јогуртот содржат минерали кои ги зајакнуваат забите и го подобруваат нивниот изглед.

3. Јадете јагоди

Јагодите содржат јаболчна киселина која ги отстранува дисколорациите на површината на забите. Освен тоа, нивната текстура ја полира глеѓта и на тој начин придонесува за посветол изглед. За да го зголемите ефектот на белеење, згмечете ги и помешајте ги со половина лажичка сода бикарбона. Смесата нанесете ја на забите и оставете ја 5 мин да делува.

4. Користете сода бикарбона

Истражувањата покажуваат дека ограничената употреба на сода бикарбона може да ја подобри белината на забите. Барем еднаш неделно, мијте ги забите со оваа компонента.

5.Пијте со цевка

Напитоците оставаат дамки и траги на забите. За да ги избегнете, користете цевка. Така ќе избегнете директен допир помеѓу напитокот и забите.

Напиши коментар