Здраво тело

Пет убедливо највалкани предмети

Сите ние се трудиме да внимаваме на личната хигиена, на чистите раце… но, колку и да се трудиме постојано и секојдневно сме во допир со многу валкани површини. Дали знаете кои се највалканите предмети?

Менито во ресторанот

Дали сте слушнале некој да си ги мие рацете по фаќањето на менито во ресторанот? Можеби е време вие да почнете да го правите тоа. Со оглед на тоа дека вирусите може да преживеат на површина околу 18 часа, замислете колку бактерии и вируси се наоѓаат на мениата кои седат на масите по рестораните, кои ги допираме непосредно пред да јадеме.

Украсното овошје

Убав коктел кој е уште поубаво декориран со парчиња лимон или портокал… Но, знаевте ли дека токму тоа украсно овошје е полно со бактерии? Истражувачите откриле дека токму на ова овошје има 25 различни микроорганизми кои стојат на нашата чаша.

Кваките во тоалетите

Да не објаснуваме за бактериите кои се наоѓаат на кваките од тоалетите, тоа ни е повеќе од јасно. Само да напоменеме, откако ќе ги измиете рацете не ја фаќајте кваката со рацете. Направете го тоа со парче хартија.

Сапунот и садовите за течен сапун

Секоја чест за добрата намера да си ги измите рацете по напуштање на тоалетот, но дали знаевте дека на овие садови за сапун има опасни бактерии? Освен тоа тие ретко кога се чистат и најчесто се мокри, па се идеално место за размножување на бактериите.

Корпите и количките во супермаркетите

Рачките од количките и корпите во маркетите се вистинско легло за бактериите. Тука има најразличен вид на бактерии кои често може да се најдат и на wc школката. Затоа МОРА да ги измиете рацете веднаш по пазарувањето.

Напиши коментар