Motherhood

Пет знаци дека таа нема да биде добра сопруга

Ако сте на чекор од изговарањето на судбоносното “Да” еве идеална прилика да проверите дали сте го направиле правилниот избор. Ова се петте знаци кои ќе ви покажат дали вреди да стапите во брак со вашата избраничка:

Љубоморна е

Мала доза на љубмора е дозволена, нормално доколку тоа не ви смета. Но, ако вашата девојка е љубоморна на секоја женска особа која ќе ви се појави во близина искрено ќе ви кажеме дека бракот може да ви биде пекол.

Не се сложувате во сексот

Тешко се согласувате со желбите во сексот? Ако не може да го добиете она што ви треба голема е веројатноста да го побарате на страна. А има ли смисла бракот со неверство?

Не ги сака пријателите во ваша близина?

Еден од најчестите проблеми во секоја врска се пријателите. Жените често пати знаат да направат споредба колку време поминувате со нив и со вашите пријатели. Имајте на ум дека кога ќе се ожените и кога вашата жена ќе остане дома да ги чува децата излегувањата со пријателите уште повеќе ќе и сметаат.

Се обидува да ве промени

Ако вашата девојка се обидува да ве промени, ако постојано има примедби за вашиот изглед, за вашиот однос кон неа мислам дека бракот нема да има иднина. Ако не и одговарате онаков каков што сте, вие не сте човекот за неа.

Проверете уште еднаш дали е таа вистинската

Овој пат погледнете ја без страст и знаесеност. Пробајте да ја погледнете реално каква личност е таа. Често се случува да одбереме партнер во занес и кога тој ќе помине сфаќаме колку сме погрешиле.

Напиши коментар