Поранешниот тренер на Партизан се решил да застане на лудиот камен и тоа по петти пат. Неговата избраничка е младата манекенка Јоана Тучинска, која наводно е веќе бремена.
Доколку нагаѓањата на медуимите се вистински, Лотар Матеус освен што се жени по петти пат, оваа година ќе стане татко по четврти пат.
Неговиот последен брак со украинската манекенка Лилијана траеше релативно кратко и заврши веднаш откако Лотар дознал дека таа го изневерува.

