Дестинации

Петте најпосетени места на светот

Убавината е во окото на набљудувачот. Сепак, постојат места кои, барем универзално важат… За најубави и најпосетени во светот … Ви ги претставуваме !!!

Мачу Пикчу, Перу

Мачу Пикчу е светиот град на Инките, кој се наоѓа на највисокиот дел на источните Анди на вис 2350 метри надморска височина. Иако најверојатно бил изграден околу 1300 година, се до 1911 година, бил сокриен.

Мачу Пикчу сведочи за времето на величественото царство на Инките. Сместен е сред бујна вегетација. Неговите ѕидини се направени од совршено обработен камен.

Годишно го посетуваат 130.000 посетители

Водопадите Игуацу, Аргентина, Бразил

Игуацу водопадите се едни од најпознатите и највеличествените водопади во светот, кои се видени од човечкото око. Се наоѓаат на реката Игуацу, границата помеѓу Аргентина и Бразил. Истовремено, ова е една од најпознатите туристички атракции во Јужна Америка.

Самите водопади се состојат од 270 одвоени водопади кои се протегаат во должина од околу 2 километри. Повеќето одвоени водопади се високи околу 60 метри. Најпознат е водопадот под име „ Ѓаволско грло “, во облик на буквата U , кој е долг преку 600 метри и висок преку 150 метри.

Годишно го посетуваат 110.000 посетители

Таџ Махал, Индија

Таџ Махал е белиот мавзолеј од мермер, кој се наоѓа во Агра, Индија. Направен е во 17 век од страна Шај Јахал , во спомен на неговата трета жена која починала додека го раѓала неговото 14 дете.

Таџ Махал е пример за мугалската архитектура, чиј стил  комбинира елементи од Персија, Турција и Индија. Познат е како дијамант на муслиманската уметност во Индија како едно светско ремек дело, кое предизвикува воодушевување.

Годишно го посетуваат 300.000 посетители

Пирамидите и сфингите, Египет

Пирамидите во Гиза настанале негде околу 2650 и 2550 година од нашата ера. Тоа биле пирамиди на трите фараони Кеопс, Кефрен и Микерин. Деталниот извештај околу градењето на пирамидите потекнува од Херодот, таткото на историјата.

Времетраењето и начинот на кој биле изведени градбите, сеуште се непознати. Пирамидите како облик на градби се развиваат од  подземната гробница мастаба (клупа). Пред најголемата, Кеопсовата пирамида,се наоѓа Сфинга висока  20 метри и долга 74 метри. Во нејзиното подножје е влезот на пирамидата.

Годишно го посетуваат 240.000 посетители

Гранд Кањон, САД

Гранд Кањон е името на националниот парк во САД, кој се наоѓа во Аризона на реката Колорадо. Се простира на 4.926,66 километри квадратни.

Изразито е длабок- на одделни места околу 1600 метри, а долг е 446 километри и се смета за едно од седумте природни светски чуда. Низ историјата, ова место било под постојано влијание на реката Колорадо и нејзините притоки, кои слој по слој, го обликувале денешниот изглед на кањонот.

Годишно го посетуваат 260.000 посетители

Напиши коментар