ШоуБиз

Пи Диди повторно прави сцени!

Пи Диди важи за опасен дечко, кој има дебело досие кое докажува на што се должи неговата лоша слава. Сепак, сите се надеваа дека ќе знае да се однесува примерно барем за време на големите настани. На журката, која се одржала веднаш по доделувањето на наградите „Златен глобус“, тој страшно се налутил…

Не знаеме кој точно го налутил, но Пи Диди на журката направил вистинска сцена. Додека актерите и актерките се забавувале, особено оние кои биле наградени со „Злaтен глобус“, Пи Диди успеал да најде замерка.

Според пристутните на забавата, Пи Диди се разлутил бидејќи келнерите наместо неговиот алкохолен бренд  „Ciroc“, го послужиле со пиење кое го произведува најголемиот негов ривал „Grey Goose“. Келнерите секако го игнорирале, а тој веднаш го напуштил настанот.

Напиши коментар