Мојата кујна

Пица мафини

Ви се најавија гости кои пристигнуваат за половина час??? А Вие не сте спремни да ги дочекате??

Вие немате проблем… бидејќи следниот рецепт е идеален за таква ситуација. Брзи и едноставни пица мафини кои ќе ги задоволат и најпребирливите гости.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца

220 грама брашно

1 прашок за печиво

200 милилитри јогурт

1 децилитар масло за јадење

Сирење

Ситно сечкана шунка, печурки, сланина ( отприлика по 70 грама од сите состојки )

Начин на подготовка:

Сите состојки соединете ги со миксер освен шунката, печурките, сланината. Откако ќе добиете густо тесто  додадете ги сечканите (шунка, печурки, сланина) состојки, мешајте со лажица.

Печете на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.

Уживајте во вкусот!!!

Напиши коментар