Омилена храна за младата популација но и за секого. Мешавина од најомилените состојки вклопени во една целина, како одлично семејно јадење. Добро е за подготовка за разни прилики, но и за појадок за децата.
Време на подготовка: 35 минути
За 4 лица
Потребни состојки:
За ролатот:
- готови кори
- 300г сецкана шунка
- 300г кашкавал
- 300г шампињони
- 200 кечап
- 1 Кисела павлака
За прелив:
– 2 јајца
– 1 кисела павлака
– оригано
Подготовка:
- Две кори да се рашират и двете да се попрскаат со малку зејтин и кисела вода.
- Да се рашири и трета преку првите две и на неа да се нанесе цела павлака.
- Да се рашири и четвртата кора па на неа да се распореди 300 г. исецкана шунка.
- Петтата кора да се стави преку четвртата, па да се премачка со 200г. кечап.
- Преку шестата кора да се распореди 300 г. кашкавал или друго сирење по желба.
- На седмата кора се нанесуваат 300г. пржени шампињони(се пржат се додека не водата од нив не проврие).
- Вака наредените кори, се свиткуваат во ролат, а потоа на послужавник се сечат на кругчиња и се спремни за печење.
- Се редат на подмачкан плех, секое парче се премачкува со павлака и јајце. Се посипува со оригано.
- Се пече на 200 C, кога ќе поруменат се намалува температурата и се остава уште малку да се допечат.
