Мојата кујна

Пица пита

Омилена храна за младата популација но и за секого. Мешавина од најомилените состојки вклопени во една целина, како одлично семејно јадење. Добро е за подготовка за разни прилики, но и за појадок за децата.

Време на подготовка:  35 минути

За 4 лица

Потребни состојки:

За ролатот:

  1. готови кори
  2. 300г сецкана шунка
  3. 300г кашкавал
  4. 300г шампињони
  5. 200 кечап
  6. 1 Кисела павлака

За прелив:

–  2  јајца

– 1 кисела павлака

–  оригано

Подготовка:

  1. Две кори да се рашират и двете да се попрскаат со малку зејтин и кисела вода.
  2. Да се рашири и трета преку првите две и на неа да се нанесе цела павлака.
  3. Да се рашири и четвртата кора па на неа да се распореди 300 г. исецкана шунка.
  4. Петтата кора да се стави преку четвртата, па да се премачка со 200г. кечап.
  5. Преку шестата кора да се распореди 300 г. кашкавал или друго сирење по желба.
  6. На седмата кора се нанесуваат 300г. пржени шампињони(се пржат се додека не водата од нив не проврие).
  7. Вака наредените кори, се свиткуваат во ролат, а потоа на послужавник се сечат на кругчиња и се спремни за печење.
  8. Се редат на подмачкан плех, секое парче се премачкува со павлака и јајце. Се посипува со оригано.
  9. Се пече на 200 C, кога ќе поруменат се намалува температурата и се остава уште  малку да се допечат.

 

Напиши коментар