Со омилениот Италијански рецепт не мора да се сладите само во пицерија истиот можете да го зготвите и дома. Пицата се спрема едноставно и брзо, а нуди неограничени можности за комбинирање на намирниците.
Ние денес ви предлагаме пица со бело вино… Неверојатно вкусно!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 грама брашно
4 јајца
150 милилитри маслиново масло
150 милилитри бело вино
200 грама шунка
100 грама зелени маслинки
100 грама кашкавал
Зачин (вегета) или сол
НАЧИНА НА ПОДГОТОВКА:
Во подлабока чинија измешајте ги брашното, јајцата, маслиновото масло и виното, па додадете 50 грама (половина) од наренданиот кашкавал. Замесете го тестото и зачините со зачин.
Шунката исечкајте ја шунката на коцки, а маслинките исчистете ги од семките и исечкајте ги на половина. Тестото излијте го на плех за печење обложен со хартија за печење. Врз него наредете ги шунката, маслинките, преостанатиот кашкавал и пицата ставете ја загреана рерна на 200 степени Целзиусови и печете 20 минути.
Печената пица исечете ја на триаголници и сервирајте
Уживајте!!!