Според американските медиуми, актерот и режисер George Clooney планира да се посвети на правење сопствена текила.
Наводно, вечниот ерген се здружил со угостителот Rande Gerber, кој е сопруг на манекенката Cindy Crawford и заедно работат на проект во чиј склоп се надеваат да измислат сопствен бренд на алкохолен пијалак.
Текилата на Clooney ќе се вика „Casamigos“ и Оскаровецот досега веќе неколку месеци ја дегустирал со пријателот Gerber. Сепак, дури сега се одлучиле да ја претстават во јавност. Според нив, пијалакот е одличен за уживање и сметаат дека на многумина ќе им се допадне.
