Шејковите за слабеење одамна се хит во светот, а нутриционистите ги препорачуваат како додаток во исхраната кај лицата кои сакаат да ослабнат. Овие вкусни напитоци ќе ве заситат, а се богат извор на витамини, минерали и антиоксиданси.

Пробајте ги следниве рецепти:
1.Микс од киви и јаболко
Потребни состојки: четри киви, две јаболки, шоља ниско маслено млеко и една лажица протеин во прав.
Подготовка: излупете го овошјето, а потоа исекцкајте ги и ставете ги во блендер, заедно со млекото и протеинот во прав. Ставете неколку коцки мраз и консумирајте го веднаш шејкот.
2.Шејк од јагоди
Потребни состојки: една шоља јагоди и половина шоља сецкан ананас, 1 децилитар вода и 1 децилитар немасно млеко.
Подготовка: ставете ги сите состојки во блендер и добра матете. Ако пијалокот не е доволно густ ставете неколку свежо ситно исецкани јагоди.
3. Егзотик
Потребни состојки: шоља исецкан ананас, половина краставица, шоља немасно млеко и малку зачин по желба.
Подготовка: исецканата краставица и ананас, заедно со млекото и зачините ставете ги во блендер и добро изматете. Консумирајте го шејкот веднаш.
