Здраво тело

Пијалок кој ги топи масните наслаги во пределот на стомакот

И оваа година во мода се доста смели креации, а освен тоа и високите температури ни наложуваат да бидеме што помалку облечени и што поголем дел од телото да ни е откриен. За да не се чувствувате неудобно во сопственото тело превземете некаков чекор. Еве еден многу мал, а доста ефикасен предлог за вас. Направете го овој волшебен пијалок кој ќе ви помогне набрзина да ги стопите масните наслаги на стомакот. Потребно ви е:

–      8 чаши вода

–      мала лажица рендан ѓумбир

–      краставица со средна големина

–      лимон

–      12 листови нане

Лимонот и краставицата исечете ги на ситни парчиња. Додајте го ѓумбирот и листовите нане. Прелијте ги со вода и оставете нека преноќат во фрижидер. Пијте од оваа течност пред секој оброк. Оваа количина треба да се испие цела во текот на еден ден.

1 Коментар

Напиши коментар