Одличен ручек кој ќе ги задоволи ваште сетила за вкус и мирис:)
Потребни состојки:
– 400 гр пилешки гради
– 3 главици кромид
– 3 чениња лук
– 3 пиперки
– 3 домати
– 400 гр печурки
– 2 супени лажици маслиново масло
– сол и бибер
– магдонос
– 300 гр варен компир
– чили
– кари
Подготовка:
Кромидот исецкајте го на кругови, а белото месо на коцки. Загрејте го маслиновото масло и пропржете ги заедно. Пиперката исецкајте ја на тркалца, ставете ја во тавата па по 10 минути додадете го доматот сецкан на коцки. Додадете ги и ситно исецканите печурки. На крај додајте го лукот и зачинете по потреба.
Ова јадење послужете го со варен компир.
Пријатен ручек:)