ШоуБиз

Пикси Лот би со принц Хари :) И ја би :)

Симпатичната англиска пејачка Пикси Лот која е најпозната по својот хит „Mama Do“ ја краси насловната страница на новиот британски Космополитен. Во интервјуто за списанието таа ги открива амбициозните планови на нејзината мајка за иднината на Пикси. 20-годишната Лот вели дека нејзината мајка смета дека таа треба да заврши, ни помалку, ни повеќе, туку со маж со сина крв.

–          Мајка ми би сакала да завршам со Хари. А, и мене ми се допаѓаат џентлмени со манири, – изјавила Пикси.

Епа, може слободно да тргне во лов. Хари се прогласи за 100% сингл откако ја раскина долгогодишната врска со Челси Дејви.

Напиши коментар