Мојата кујна

Пилешко на Марокански начин

Идеален рецепт за оние гурмани кои го сакаат пилешкото месо. Комбинацијата на зачините е неверојатна, подготовката едноставна а вкусот …. Со сигурност ќе уживате!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 килограм пилешки копани (пред подготовка зачинети со сол и бибер, да постојат 1 до 2 часа )

100 грама маслинки ( без семка )

1 лажица маслиново масло

1 кромид

2 лимони

1 голема лажица црвен пипер

2 чешниња лук, ситно исечкани

1 мала лажичка ким

1 лажица мелен ѓумбир

ПОДГОТОВКА:

На тивок оган, во подлабок сад ставете маслиново масло, во кое откако ќе се загрее ставете го ситно сечканиот кромид, лимонот кој претходно сте го исекле на парчиња, ситно сечканиот лук и зачините. Целата смеса нека се пропржи додека кромидот не омекне и потоа додадете ги пилешките копани да се пропржат кратко време. Налејте вода колку да се покријат копаните и оставете да се динстаат.

Динстајте додека месото не омекне. 5 минути пред крајот на готвењето додадете ги маслинките, измешајте ги состојките… Сервирајте и …

Уживајте…

Напиши коментар