← НАЗАД НА БОЗА

Пилешко со шампињони

Пилешко со шампињони
2313 Читања

Состојки:

1 лажица ѓумбир во прав

200гр свежи шампињони

1 бел лук

сол по желба

1 лажица пченкарно брашно

50мл сончогледово масло

1 лажица вегета

400гр пилешко филе

 

 

Подготовка:

Исечете го месото на тенки листови и измешајте ги со брашното. Исчистете ги шампињоните и исечете ги и нив на листови. На врело масло испржете го месото. По завршеното печење, месото процедете го од вишокот масло, па преместете го на топло место. Во истото масло додадете ги шампињоните па и нив испржете ги. Пилешкото и шампињоните ставете ги во поголем сад. Додадете вегета, ѓумбир и бел лук. Додадете сол и добро промешајте.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk